Силвио Берлускони (86), сопственикот на Монца, на божиќната вечера на клубот им даде контроверзно ветување на играчите.

Го зеде микрофонот и рече:

„Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момчиња. На играчите им дадов дополнителна мотивација со тоа што им кажав дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со „дами со лесен морал“.

Монца вчера во Торино го победи Јувентус со 2:0 во 20. коло од Серија А. Сега Монца е 11-та на табелата со 25 бода и има два повеќе од Јувентус, кој претходно беше казнет со одземање 15 бода поради финансиска измама.

Берлускони синоќа се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година.

Тоа го потврди и самиот во интервју за „Република“, признавајќи дека автобусот со „дами од лесен морал“ бил спомнат и тоа не само еднаш.

„Веќе добив 100 телефонски повици во кои се бараше да си го одржам зборот“, рече Берлускони.