Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Миодраг Белодедиќ, кој во деведесеттите години беше еден од најдобрите дефанцивци во светот.
Тој е Романец со српско потекло и во 1988 година побегна од режимот на Чаушеску. Дојде во дресот на Црвена Ѕвезда со желба и со неа да ја освои европската титула и во тоа успеа во 1991 година во Бари.
Претходно тоа му успеа и во дресот на Стеауа во 1986 година.
На 30 годишнината од падот на Чаушеску тој се присети како било да се живее под неговиот режим.
Беше нормално да избегам во Србија. Пресудно беше малата слобода во Романија. Иако ние од Стеауа имавме бројни привилеги не ни беше сеедно кога на патувањата гледаме како се живее во Европа а ние стоевме во редови за шекер-се присетува Белодедиќ.
Comments are closed for this post.