По пауза од две години, фудбалерите на Барселона ова лето ќе се вратат на својот култен стадион „Камп Ноу“ чие реновирање е во завршна фаза, објави денеска каталонскиот гигант.
Премиерниот натпревар е закажан за 10 август, во рамки на Трофејот Жоан Гампер, а противникот сè уште не е прецизиран.
Каталонскиот клуб го одигра својот последен натпревар на „Камп Ноу“ во мај 2023 година, а во последните две години официјално беше домаќин на Олимпискиот стадион во Барселона.
„Ова враќање претставува историски момент за клубот и неговите навивачи. По повеќе од две години обемни реновирања и привремено преселување на Олимпискиот стадион, Барса повторно ќе го почувствува возбудувањето на фудбалот во својот легендарен храм“, порача Барселона.
Во соопштението се истакнува дека „ова враќање ќе се случи додека градежните работи продолжуваат во различни делови од стадионот“.
Неодамна, Ла Лига му дозволи на новиот шпански првак воведните три кола од новата сезона да ги игра на гостински терен со цел непречено продолжување на градежните работи на стадионот кој, според потпишаниот договор за спонзорство, во наредниот период официјално ќе го носи името „Спотифај Камп Ноу
Comments are closed for this post.