Фудбалскиот клуб Барселона одлучи да направи измени во клупскиот грб со цел да му даде помодерен изглед. За да стане официјална, оваа промена треба да помине на Собранието на членови на клубот, што ќе се одржи за три недели.
Доколку се официјализира, ова ќе биде 11 . различен дизајн на клупското лого. Претходната промена беше направена во 2002 година.
На новиот грб, наместо седум ќе има пет сино-бордо ленти, ќе исчезнат буквите на клубот (ФЦБ) и класичната фудбалска топка ќе биде поголема. Формата на логото ќе остане иста, но ќе ги нема црните контури.
Ова лого ќе се употребува од сезоната 2019/2020.
Comments are closed for this post.