Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за финансиската состојба на клубот.
– Дефицитот на вредност на нето средствата на Барса е 451 милион евра, ова значи дека износот на долгот на клубот ја надминува вредноста на неговиот имот. 103% од приходите на клубот одат за плати. Оваа бројка е 20-25 повеќе од онаа на нашите конкуренти, соопшти Лапорта.
Исто така, претседателот на Блауграна истакна дека вкупниот долг на Барса е 1,35 милијарди евра: „Економската состојба на клубот е многу алармантна. Финансиската состојба е драматична, потенцира Лапорта.
Претходно, Лапорта изјави дека Барса ќе претрпи рекордни загуби од 487 милиони евра на крајот на сезоната 2020/21
Comments are closed for this post.