Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди порача денеска преку социјалните мрежи дека високиот пораз од Велс во мундијалските квалификации треба да делува мотивирачки пред мартовските плејоф натпревари за пласман на Светското првенство 2026.

Македнската репрезентација во вторникот во Кардиф загуби од Велс со 7-1 во завршниот натпревар во квалификациската група Ј и својот дебитантски настап на Светското првенство ќе се обиде да го избори преку плејофот во март.

„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата. Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти. Ние не се предаваме. Никогаш“, порача Барди.

Денешната жрепка во седиштето на ФИФА во Цирих одлучи, македонската репрезентација на 26 март на гостински терен во полуфиналето да игра против Данска, а победникот во финалето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска