Белгискиот фудбалер Еден Азар го постигна својот прв гол како играч на Реал Мадрид. Тој во денешниот триумф над Гранада со 4:2 во 8.коло од Примера, го постигна вториот гол за „кралскиот клуб“.

Азар во второто полувреме забележа и асистенција при погодокот на Лука Модриќ.

Азар се пресели во Реал Мадрид од Челси, го пропушти почетокот на сезоната поради повреда. Фудбалерот своето деби за мадридскиот клуб го имаше на 14 септември и на пет досегшани средби не успеа да го погоди голот