Асоцијацијата на тениски професионалци започна истрага против Ник Киргиос заради тврдењата изнесени на прес конференција после натпреварот со Стив Џонсон во првото коло од УС Опен.
Новинар го праша Киргиос што мисли за рекордната казна која ја доби (102 илјади евра) заради вреѓање судија во второто коло во Синсинати и дали тоа влијаело на него.
АТП е секако корумпирана, нималку не сум потресен заради тоа. Казнет сум со 102 илјади за што? Зошто зборуваме за нешто што се случило пред три недели кога само што „исецкав“ некого во првото коло на УС Опен, изјави Киргиос.
Заради ова го чека можна суспензија, а списокот на прекршоци на неговото конто не се мали.
Киргиос многу брзо се огласи со официјално соопштение во кое кажува на тоа дека не мислел дека АТП навистина е корумпирана туку дека има двојни стандарди, но и дека избрал лоши зборови за да го каже тоа.
„Признава дека не е совршен, ниту се преправа дека е“ и вели дека заслужил многу казни, но дека очекува да бидат во согласност со АТП стандардите, што досега, според него, не се случило.
Comments are closed for this post.