Сопругата на неодамна починатата фудбалска легенда Сининиша Михајловиќ, Аријана, ги растажи сите свои следбеници со потресна порака во која јасно се гледа дека се бори со болка откако ја загуби љубовта на својот живот.

Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана, по неговата смрт бара утеха во нејзината внука. Таа не се одвојува од малото девојче родено од неа и ќерката на Синиша.

 

– Тежок е првиот Божиќ по губењето на некого. Не би славеле, но го правите. Поради децата. Поради семејството. Ќе боли. Еве кои подароци нема да мора да ги купувате оваа година. Празен стол. Спомени од минатите прослави. Гласот што не го слушаш. Ќе биде тешко, но ќе го пребродите. Можеби среде тие солзи ќе ти дојде мала насмевка на лицето. Нема ништо лошо во тоа. Бидете благодарни за прославите што ги имавте заедно. Започнете нова традиција во негово сеќавање и секогаш се сеќавате на љубовта што постоела – напиша вдовицата на Михајловиќ.