Поранешниот бисер на младинската школа на Олимпик од Марсеј, Адел Сантана Менди е убиен на улиците на Марсеј.

22-годишниот напаѓач Адел Сантана Менди беше убиен токму ноќта пред католичкиот Божиќ. Менди играше за фудбалскиот клуб Санта Хулија, а почина како резултат на пукањето.

Тој беше голема надеж на младинската школа на Олимпик од Марсеј, се обиде и во Англија, а потоа потпиша професионален договор во Андора за Санта Хулија.