Во индивидуалните грешки, селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски ја гледа причината за поразот од по Ерменија со 4:0. Сепак тој не се согласува дека пресудни за исходот биле грешките на голманот Столе Димитриевски. Вели дека тој го бира тимот и дека нема потреба да се обвинуваат фудбалерите.
 Знаев дека Ерменија е силна репрезентација, ова не беше големо изненадување. Мечот не го загубивме поради тактиката, туку поради индивидуални грешки. Но таков е фудбалот. Столе не е виновен. Јас го бирам тимот, нема потреба да се обинуваат фудбалерите, изјави Ангеловски.
Тој сепак додаде дека претстојат уште два меча во кои „жолто-црвените“ треба да се подготват добро и да остварат победа.