Фотографијата која ја објави шпанскиот тенисер Карлос Алкараз предизвика внимание на социјалните мрежи. Тој ја фотографираше дневната соба додека гледа меч од Дејвис Купот.

Прво што се забележува е скромно уредената просторија во која покрај телевизорот има обичен плакар на кој стојат дел од пехарите. На масата пак наместо некој чаршав има обична мушама на која Карлито ги крена нозете за да ужива во тенисот.