Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека наредната недела ќе има средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која двајцата ќе дискутираат за иднината.

Во последните денови медиумите во Италија тврдат дека тренерот е пред разделба со клубот. Алегри сепак негираше дека подготвува заминување. Тој е амбициозен да продолжи да го води гигантот од Торино и дури зборува за „нов Јувентус”.

Како и секоја година, и оваа ќе седнеме со претседателот и ќе анализираме се. Уште по елиминацијата од Ајакс му реков дека сакам да останам тука. Тој исто така ме увери дека останува на ставот да продолжам со работата тука. Двајцата се разбираме добро, бидејќи секогаш сме искрени еден со друг, а тоа е најважно. Јас планирам се, планот е во мојата глава веќе 6 месеци наваму. Ќе ги споделам идеите со него и заедно ќе одлучиме дали тие би се реализирале. Имам план за нов Јувентус, вели тренерот на „Старата дама”. (МИА)