Актуелниот европски првак со чартер лет замина за Полска, каде утре (20:45 часот) ќе го одигра реванш мечот со Келце во Лигата на шампионите.
Стратегот на Вардар 1961, Стевче Алушовски на овој меч ќе смета на сите ракометари кои се најдоа во составот дуелот во Скопје. На првата пресметка, единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите на домашен терен беше совладан со 29-33.
И овој пат Алушовски се одлучи за двајца голмани, Борко Ристовски и Робин Кантегрел.
Вардар 1961 е на шестото место на табелата со скор од една победа, реми и два порази, додека Келце е лидер во групата А, со 11 бода, два повеќе од Фленсбург.
Comments are closed for this post.