ПСЖ нема намера да го продава Нејмар ова лето, па плановите на Барселона да го привлече Бразилецот и оние на самиот фудбалер да ја смени средината практично ќе бидат спречени, тврди француското издание „Телефут“.
Шефовите на францускиот шампион не сакаат да се разделат со Бразилецот по само две сезони во клубот, бидејќи тимот плати за него неверојатни 222 милиони евра на каталонскиот гигант.
Самата желба на играчот е да се врати кај Каталонците, но до денес тоа е тешко возможно.
Во меѓувреме, денеска стана јасно дека Барса е заинтересиран за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез,кој бележи одлични партии на Копа Америка
Comments are closed for this post.