Кристијано Роналдо е првата ѕвезда на летниот преоден рок бидејќи на челниците на Манчестер Јунајтед им порача дека сака да го напушти клубот по само една година.
Како што пренесуваат португалските и шпанските медиуми, Португалецот би можел да стане сопственик на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Тој има понуда од 300.000.000 евра од Саудиска Арабија, а неговата плата би изнесувала 250.000.000 евра.
Англискиот гигант би добил 30.000.000 за трансферот, 20 за посредниците, а остатокот за освојувачот на пет „Златни топки“ за двегодишен договор.
Comments are closed for this post.