Македонија дефинитивно нема да игра со Косово на 26 март. УЕФА ги одложи сите дуели од Лигата на нации поради состојбата со корона вирусот.

Ова лето нема да гледаме ниту Европско првенство, кое е одложено за следната година, поточно ќе се одигра во периодот од 11. јуни до 11. јули поради корона вирусот.