За прв пат по несреќата пред шест години Ф1 шампионот Михаел Шумахер го напушти својот дом во Швајцарија. Неговото семејство реши да го продолжи лекувањето во позната болница во Париз.
Тешко можеа да се најдат било какви информации за тоа какво е неговото здравје и зошто е примен во болница. Сепак, медицинска сестра за француските медиуми открила дека Шумахер се лечи со посебна метода која вклучува матичи келии.
Но, лекарите велат дека шансите за оздравување се минимални и оти на таков начин само се дава лажа надеж на неговата фамилија.
Не постои експериментална терапија со матични келии кои би имале позитивен ефект на пациенти со минимална свесност – објасува Леонарди, директорка на истражувачкиот Неуролошки институт во Милано.
Comments are closed for this post.