Македонија се врати на победите. Одлична игра вечерва во Ереван и победа со 0-. Македонската репрезентација ја имаше контролата против Ерменија целиот меч. Сигурна игра најпрво во одбрантата а потоа и нападот кој фунцкионираше беспрекорно. Ова е доказ дека е заборавен поразот против Германија.

Елмас и Барди беа вистински предводници кои ја држеа играта на средината на теренот, додека Ашковски е висинско освежување во нападот.

Со ова победа Македонија се уште е во игра за второто место и пласман на СП во Катар.Вечерва ќе навивме за Исланд против Романија, а в недела против ислаѓаните на „Градски“ ќе одиме на победа и ќе чекаме исход од мечот Романија-Лихтенштајн.