Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го коментираше поразот од 3:1 од Бодо/Глимт синоќа на гостински терен во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.
– Штета е што се случи. Се потрудивме најдобро што можевме, се обидовме да се прилагодиме на условите најдобро што можевме. За жал, загубивме, но мислам дека начинот на кој се боревме и се обидовме беше правилен. Изјави Киву.
На другите три натпревари од ЛШ играни вчеравечер постигнати се следниве резултати:
Карабах – Њукасл 1:6
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 3:3
Олимпијакос – Баер Леверкузен 0:2.
Реваншите се закажани за 24 февруари







Comments are closed for this post.