Дури ни најголемите познавачи на фудбалот сигурно не слушнале за фудбалер по име Карлос Енрике. За оваа приказна треба да се сними филм.

Тој во родниот Бразил е познат како најголема измама во фудбалот на 20 век. Тој иако немал фудбалски талент,  поседувал многу други таленти, како што се шарм, заведување и симулирање.

За што всушност се работи. Кајзер, како што му е прекарот, настапувал за најголемите бразилски клубови како напаѓач иако нема постигнато ниту еден гол. Се прашувате како е тоа можно. Тоа се должи на пријателството на Карлос со најголемите ѕвезди од типот на Бебето и Ромарио кои ги убедувале газдите дека има едно „дете“ кое растура.

Клубовите верувале на зборот на ѕвездите и го ангажирале. Но, за чудо, секогаш кога требало да настапува тој симилирал повреди и никогаш не влегувал во игра. Повредата значело ново отсуство од неколку недели.

Кога на еден од тренерите му дошло преку глава и решил да го стави во игра, Кајзер направил неочекуван потег и почнал да се кара со публиката. Оправдување овојпат нашол што некој наводно му ги пцуел родителите.

– Ќе побарав некој да ми ја додаде топката уште во првата минута. Потоа ќе ја шутнев до првиот играч до мене и ќе ја зграпчев задната ложа со рацете. Ќе плачев од болка и ќе се струполев на тревата. Закрепнувањето ќе траеше најмалку уште еден месец, месец и половина. Знаете, во тие денови немаше магнетна резонанца, а медицинската технологија не беше толку развиена. Во некои работи, на зборот на фудбалерот му се веруваше. И тука секогаш бев во предност – велеше Кајзер.

Отсуството од терените, Кајзер го користел да заведува девојки, кои особено се лепеле за фудбалери.

Славата на Кајзер стигнала и до Франција. Тој во средината на деведесеттите години потпишал за клубот Ајачио. Се разбира дека и таму не заиграл ниту минута и бил избркан за неколку месеци.