– Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции.

Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и осум асистенции.

На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:

Шарлот – Сакраменто 134:90
Њујорк – Њу Орлеанс 121:116
Кливленд – Орландо 136:131.