Објавената најнова ранг-листа на ракометните федерации од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за следната сезона во Лига Европа одреди едно место за РФМ. Ова се должи на падот од две позиции при рангирањето односно сега сме на 14. то место.

Тоа значи дека преку нашата лига РФМ ќе има еден директен учесник во второто по ранг натпреварување.

Но, ако првакот на Суперлигата побара и доби „вајлд карта“ за Лигата на шампионите (како и досега) во Лига Европа ќе се натпреварува вицепрвакот.

Во новата сезона (2026/27) во Лига Европа ќе се натпреваруваат 32 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи.