Во ексклузивното интервју за хрватски „Нет“, Червар порачува дека Кирил Лазаров добро ја прочитал неговата книга (Ракомет – патот до врвот и тајните на успехот), а тоа го заклучил од извонредната одбрана која ја играла Македонија на континенталниот собир.
Проактивната и иновативна одбрана во систем 5:1 делуваше извонредно на Европското првенство, па со таков пристап, малку фалеше да ја победиме и Португалија.
– Иднината на ракометот треба да биде со креативно и проактивно размислување, а тоа го видовме во Македонија на Кирил Лазаров. Мојта книга е добро прочитана од Лазаров. Тој заедно со врвен играч како Кузмановски кој израсна кај мене во Металург, и заедно со нова и поинаква одбрана ја држеше Португалија на раб на елиминација. Македонија играше проактивно во одбрана, играше одбрана каква што никој не играл досега, а тоа е одбраната за која пишувам во мојата книга.







Comments are closed for this post.