До каде е границата помеѓу човечката издржливост и медицината, посебно онаа недозволената. Дали здравата исхрана или допингот се заслужни за успехот на врвните тенисери, посебно за тенисерите. Ова прашање се отвори по завршениот Австралија Опен, откако за двајца од тенисерите што играа во полуфиналето постојат сомнежи за користење на недозволени средства-односно допинг. Тоа се победникот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер.

Шпанецот влезе во финалето откако го победи Германецот Александар Зверев со 3:2 во сетови по пет и пол часа борба.

Карлос се пожали на грчеви, болки во бутниот мускул, едвај можеше да се движи по теренот, па мораше да побара медицински тајм-аут. Се чинеше дека нема да издржи до крајот, дека ќе биде принуден да го предаде мечот, но некако успеа да ги надмине проблемите. Од боксот му дадоа сок од кисели краставички за време на паузата или којзнае што имаше во шишенцето.

Ферментираниот сок од кисели краставички може да делува добро за намалување на грчевите во нозете и заморот. Многу спортисти тврдат дека откако земале сок од ферментирани краставици, почувствувале значително подобрување, во однос на намалувањето на грчевите.

Тоа очигледно му помогна на Алкараз, бидејќи бидејќи „леташе“ по теренот.

 

Светскиот рекет број еден Јаник Синер исто така беше дел од допинг скандал минатат година. Тој прифати моментална тримесечна суспензија откако постигна спогодба со Светската антидопинг агенција (ВАДА) за двата позитивни допинг-теста. Синер „ненамерно“ бил контаминиран со забранетата супстанца „клостебол“ од неговиот физиотерапевт.

На социјалните мрежи кружи фотографија од рацете на Новак Ѓоковиќ и Синер на кои јасно се гледа разликата помеѓу нормално стареење на 38 и 24 годишен спортист.

Разликата е очигледна.