Албанија ја очекува жежок понеделник на политички план. Парламентот ќе заседава за формирање анкетна комисија за разрешување на претседателот Илир Мета, а опозицијата ќе го одржи 10-от „национален протест“.
Протестот на обединетата опозиција почнува во 20:00 часот,поради што спикерот на парламентот, Граноз Ручи седницата наместо во 18:00 ја презакажа час порано.
Седницата е со единствена точка на дневен ред,формирање анкетна комисија за разрешување на претседателот Илир Мета,по предлог на Парламентарната законодавна комисија.
На 26 јуни Комисијата со 13 гласови „за“ и само еден против донесе одлука да му се предложи на Парлементот формирање анкетна комисија, по доственото барање потпишано од 55 пратеници од парламентарната група на владеачките социјалсти,но и од новата парламентарна опозиција.
Формирањето на анкетната комисија треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори. Претходно уредбата за неважечка ја оцени Централната изборна комисија,без гласот на претседателот,како и Изборниот колегиум(изборен суд).
Опозицијата, протестот,вообичаено ќе го почне пред Владата а потоа пред законодавниот дом.
Лидерот на опозициските демократи,Љуљзим Баша повкувајќи ги граѓаните на што поголема масовност порача дека „нема ни чекор назад во целта на опозицијата која се поврзува со заминувањето на премиерот Еди Рама“.
-В понеделник, 8 јули, во 20:00 часот, сите во Тирана обеднети против диктатурата, во одбрана на слободата и плурализмот, обединети за вашите семејства и деца, за Албанија како Европа. Ни чекор назад.Рама оди си, напиша Баша на својот профил на Фејсбук.
Последниот протест опозицијата го одржа на 22 јуни,кој според организаторот бил најмасовен со учество на над 120.000 илјади граѓани од сите делови на земјата. Иако најмасовен тој мина мирно,за разлика од претходните кога протестантите, фрлаа молотови коктели,протехнички средства,тврди предмети кон полицијата и врз објектите а во нивното разбивање полицијата употребуваше солзавец и водени топови.Имаше повредени од двете страни,но најмногу полицајци и приведени со десеттици учесници во протестите.
Comments are closed for this post.