Киднапирањето богати луѓе било многу профитабилен бизнис за Земунскиот клан! Во таа валкана работа се впуштиле во 2000 година и за краток период, според некои проценки, зеле дури 20 милиони евра.
Во акциите учествувале речиси сите „земунци“ – од водачите на кланот Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кума, па Миладин Сувајџиќ – Ѓура Мутави, Дејан Миленковиќ Багзи, Сретко Калиниќ…
На списокот на киднапираните се најдоа бизнисмените Мирослав Мишковиќ, Милија Бабовиќ и Миленко Алексиќ, Стефан синот на пејачката Лепа Брена.
Но, „Земунците“ планирале и киднапирање и на фудбалската легенда Драган Џајиќ.
Соработничкиот сведок Дејан Миленковиќ Баџи изјави дека „земунците“ го следеле Џајиќ но планот не успеал.
Comments are closed for this post.