Во железничка несреќа во Турција загинаа најмалку девет луѓе, но како што соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан, бројот на жртвите може да биде и поголем. Министерот потврди дека меѓу загинатите се и тројцата машиновозачи.

Несреќата се случила кога брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва, удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините, јави агенцијата Анадолија.

Турхан прецизираше дека брзиот воз ја напуштил станицата во Анкара во 6.30 часот, а околу шест минути подоцна се судрил со локомотивата.


Турскиот министер посочи дека се хоспитализирани или им се укажува лекарска помош на 47 лица и воедно им посака брзо опоравување.

Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата.

Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот