Со повик до власта барањата на опозицијата да ги исполни во рок од шест денови, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест, заврши вечерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград.
Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата, кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија иРадио Телевизија Војводина
Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври.
Власта пак тврди дека на протестот имало околу 7.500 луѓе.
Comments are closed for this post.