Седум телефони, два интернет рутери, алкохол, суплементи и импровизирани ками се запленети во затворот „Спуж“ каде се притворени претежно затвореници од кланот „Кавачки“ и „Шкаљарци“.
Според црногорскиот весник „Дан“, при претресот чуварите пронашле недозволени предмети.
– Пронајдени се и одземени четири мобилни телефони, кои биле скриени на посебен начин, како и два рутери за поврзување на интернет. Против приведените кај кои се пронајдени одземени незаконски работи и предмети ќе се утврдуваат можни дисциплински одговорности, пренесува „Дан“.
Comments are closed for this post.