Ректоратот на Универзитетот во Атина, побара активирање на надлежните државни органи за итно и трајно отстранување на корисници и трговци со дрога од деловите и улиците во непосредна близина на Универзитетот за економија и бизнис. Поради таквите лоши услови во околината на Универзитетот, од ректоратот одлучија да ги откажат сите предвидени предавања и активности за студентите.

Од Ректоратот соопштуваат дека континуирано одржуваат состаноци за одново да се разгледа ситуацијата, но истовремено истакнаа дека сѐ уште постојат, а во последните денови и се влошени, условите кои „создаваат големи опасности по безбедноста и здравјето на студентите и вработените и предизвикуваат страв и голема загриженост кај вработените, но и кај студентите, со резултат да бидат обесхрабрени да доаѓаат на предавањата”.

Ректоратот, со чувство на одговорност, изразувајќи ја агонијата на универзитетската заедница, пред сѐ на илјадниците студенти и со цел заштита на правата на безбедност и хигиенски услови, одлучи симболично да ја одложи академската работа на додипломските студии на Универзитетот во среда 24 октомври 2018, за да се активираат надлежните државни органи за итно и трајно отстранување на трговците со дрога и корисниците на наркотични средства од местата и улиците што се во непосредна близина на Универзитетот, пишува во резолуцијата на Ректоратот на Атинскиот Универзитет за економија и бизнис.