Се чини дека Република Северна Македонија има нешто неизречено и недовршено во последните години, иако тоа не е само во последните години. (…) Ова воспитување на генерации во омраза кон Бугарија и Бугарите е во основата на нашиот проблем “, порача министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за весникот „24 часа“.
Не е тајна дека Белград има силно влијание во Скопје и секако постои тенденција да се приближи до српскиот јазик, српскиот бизнис и институциите. Овој тренд не запре во последните 30 години и тоа е разбирливо. Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно. Не можеме да немаме железничка линија со Република Северна Македонија. Тие не можат да создаваат административни бариери за бугарските компании. Обидот да се претстави Бугарија како историски борец за одмазда од 19 век е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се во реалноста, оцени Захариева.
Comments are closed for this post.