На почетокот на годинава премиерот Зоран Заев се пофали дека се сретнал со претставници на „Сименс“ и оти тие имаат намера да вложат во свои капацитети во нашата земја.
Од тоа се разбира немаше ништо но затоа германскиот гигант отвори фабрика во Србија, поточно во Крагуевац. „Сименс мобилити“ произведува трамваји и првата серија веќе излезе од лените.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалните мрежи гордо објави дека српските трамваји ќе се најдат на улиците на Минхен и оти е задоволен од оваа германска инвестиција која обезбеди 900 работни места.
Беше презентирано и видео од изгледот на трамвајите.
Comments are closed for this post.