Србија е наш голем пријател, народите ни се блиски, ние и посакуваме само добро на Србија, да оди напред, во моментов даваме поддршка за позитивно решение, како тие ќе се договорат, решение што гарантира напредок на регионот, интеграција во ЕУ, чување на мирот, вели премиерот Зоран Заев негирајќи македонско сценарио во Србија.
Апсолутно се обидуваме да го сфатиме тоа и го поддржуваме процесот. Се надеваме дека ќе се вратат на дијалогот. Тоа е нашето очекување и се надевам дека дијалог ќе има и внатрешен во сите соседни земји. Еве ние имаме во Северна Македонија. Но, истовремено како човек кој што беше директно нападнат од насилници во институциите можам јасно да го осудам секое насилство врз институциите на системот од било кој карактер, ова го кажувам за да го потврдам нашето пријателство кон Србија.
Comments are closed for this post.