Демонстрантите кои во саботата вечер упаднаа во државната телевизија во Белград се ослободени.Тие ќе се бранат од слобода но се теретат за кривично дело насилничко однесување на јавен собир.

Им се заканува затворска казна од една до осум години. Нивното ослободување доаѓа по големиот притисок кој беше направен од страна на опозицијата до претседателот Александар Вучиќ кој нагласи дека нема да има помилување за оние кои биле насилни.