Премиерот Зоран Заев утре ќе престојува во Република Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.
Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање
Comments are closed for this post.