Во демократските општества нема место за валкани методи против граѓаните, како оние што се користат против Едвард Џозеф, објави на Твитер одделот за Европа и Азија на американскиот Стејт департмент.
Заедно со оваа објава беше споделена и објава на самиот Џозеф на Твитер, во која тој наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостувањето на една од српските телевизии на 30 декември, упатил сериозни, неосновани обвинувања против него. Во минатата недела, како гостин на ТВ Прва, Александар Вучиќ го нарече Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс и поранешен заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, „албански бот“ поради тоа што го кажа претходно истиот ден во интервју за радио Слободна Европа.
Нарекувајќи го Јозеф „бараба“, и „албански бот“ Вучиќ изјави дека овој познавач на состојбите на Балканот добива „многу пари од албанското лоби“. Ваквото тврдење претседателот на Србија не го поткрепи со докази. Џозеф во интервјуто за РСЕ, во врска со барикадите што групи локални Срби ги користеа за да ги блокираат патиштата на северот на Косово речиси три недели, изјави дека Вучиќ „манипулира со САД и ЕУ“. Тој изјави и дека мирот во Косово, по напуштањето на барикадите, ќе трае „додека Александар Вучиќ не заклучи дека повторно му треба криза на Косово“. за наводните финансиски врски меѓу него и „албанското лоби“.
Comments are closed for this post.