Ситуацијата на Балканот може да  биде слична на онаа во деведесетите години, смета српскиот претседател Александар Вучиќ. Ваквата изјава Вуќиќ ја даде коментирајќи ги тврдењата на првиот човек на европската комисија Жан Клод Јункер според кој ако на Балканот му се ускрати шансата за ЕУ,  многу скоро ќе има војна.

Имам целосно почитување кон Јункер за разлика од многумина кои измислуваа дека бил пијан. Тој не беше пијан, бидејќи има проблем со движењето . Тој е сериозен и одговорен човек . Можеби е претерано тоа што го кажа но јас не би го отфрлил тоа ако бидеме оставени сами на себе, изјави Вучиќ.