Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва најави дека е можно да го ограничи извозот на пленица но оти тоа нема да важи за соседните земји меѓу кои и Македонија.
За нас е важно да кажеме дека ќе има доволно леб и пченица за целиот регион, тоа е наше, тоа ни го дава Војводина. Луѓето не треба да се грижат. Се погриживме да се грижиме за сите потреби на луѓето – рече претседателот и додаде дека ни недостига млеко во прав и дека се работи на негова набавка.
Кога станува збор за пченицата Србија по примерот на Унгарија ќе донесе одлука за делумна забрана на извозот.
Ќе ги обезбедиме не само потребите на Србија, туку и на Албанија, Македонија и Црна Гора-рече претседателот.
Тој пред неколку дена најави дека на Македонија ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. На тоа министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека тоа не било за државата туку за приватни фирми.
Comments are closed for this post.