Не сте тука амбасадоре да поправате новинари, туку да одговарате на прашања, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод изјавата на амбасадорот на САД во Белград, Кајл Скот, кој изјавил дека Косово е независна држава.
Што и да е Косово и неговата влада за САД, за нас е таканаречена влада и таканаречена држава. Не сте тука амбасадоре да ги поправате новинарите, туку да одговарате на прашања – рекол Вучиќ, пренесува Блиц.
Тој рекол дека би било добро и пристојно доколку амбасадорот покажал малку повеќе почитување за земјата домаќин, „но Америка е супер сила“. Српскиот претседател додал дека владиниот претставник кој присуствувал на настанот каде Скот ја дал изјавата, требал да реагира.
Нивно право, но и стил, е да зборуваат така и да ги застапуваат своите интереси, а наше е да ги браниме српските интереси – навел Вучиќ.
Comments are closed for this post.