Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи,се соочија во Советот за безбедност на Обединетите нации откако владата во Приштина гласаше за трансформирање на безбедносните сили во оружени сили.
Седницата на Советот за безбедност се одржа синоќа на барање на Србија.
Вучиќ изразил задоволсво од резултатите од минатат ноќ . За Гласот на америка изјавил дека имал можност да ја информира меѓународната јавност за ситуацијата во Косово, по воведувањето на такси за српските производи и по одлуката за формирање трансформирање на косовските безбедносни сили.
Инаку на вонредната седница на највисокото тело на ОН, Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи си упатија остри зборови.
Вучиќ побара поголем ангажман од ОН за решавање на косовското прашање.
Приштина ги загрузува сите Срби со одлуката за зголемување на даноците и нема правно оправдување за формирање на косовска војска. Морам да кажам дека сум многу загрижен, многу загрижен и малку уплашен од иднината и за иднината. Не само за мојот народ, за нашата земја Србија, туку и за целиот регион“, потенцираше Вучиќ.
Тачи ја бранеше одлуката дека станува збор за „природен чекор“ за да се зацврсти косовскиот статус како суверена држава.
Ако Косово направи грешка, тоа е само што чекаше пет години чесно да формира армија. Одлуката за армијата може да биде задоцнета, но во никој случај не е погрешна“, рече Тачи.
Comments are closed for this post.