Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува „тешка есен“ по прашањето за Косово, бидејќи верува оти Западот ќе се обиде да го забрза решението за овој проблем, но и повтори дека до решение не може да се дојде ако Србија не добие ништо. Тој додаде дека „не е во прашање само рокот, туку во прашање е и содржината кога станува збор за Косово, потенцирајќи дека „проблемот е во тоа што ќе се договори“.
-Не знам која е тука идејата? Она што јас имав како идеја беше отфрлена од сите. На никој не им се допадна. Ајде да видиме каква е вашата идеја затоа што ја нема, слушнато, освен што видов уште поголем притисок врз мене…Србија не може да се согласи на независност (Косово) ако Србија не добие ништо, кажа Вучиќ во интервјуто за ТВ Прва.
Тој рече дека на сите соговорници им кажал дека сите во меѓународната заедница треба да знаат дека нема да има решение ако некој смета дека Србија треба да биде понижена.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека советникот на американскиот претседател Џон Болтон нема да ја посети Србија.
-Болтон требаше да ги посети Белград и Приштина. Но, во Приштина има избори, со кого да разговара, кажа Вучиќ за ТВ Прва.
На прашањето како ја коментира изјавата на Едвард Џозеф дека решението за косовскиот проблем е во негови раце, Вучиќ кажа дека тоа е работа која му наметнува дополнителен товар.
-Професорот Едвард Џозеф е сериозен човек и секако не е на наша страна. Србија и Србите не можат да се согласат да го признаат Косово. Ние тоа не го сакаме. Луѓето од меѓународната заедница треба да знаат дека нема да има решение за Косово ако Србија биде понижена. Тие знаат дека на Србија и се брза кон Европа и ве ставаат во ситуација да мора да размислите што вреди повеќе, изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.