Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утрово беше во црквата Свети Сава пред да замине за Њујорк.
„Пред патувањето во Њујорк побарав благослов од српскиот патријарх господин Порфирио и му се помолив на Бога во нашето светилиште – црквата Свети Сава во Белград. Одам во Њујорк да се борам со сите сили и срце за иднината на нашата земја.
Да потсетиме, претседателот Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде што ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое ќе се расправа за Резолуцијата за Сребреница, која е закажана за 23 мај.
Comments are closed for this post.