Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е горд бидејќи имал можност да го брани правото на една мала земја пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) и јавно и гласно да зборува против оние кои се многу моќни.
Тој додаде дека смета дека резолуцијата, кога е во прашање легитимноста, пропаднала.
Кога станува збор за вашата голема победа или големата победа на оние кои гласаа за неа, не би имал што друго да додадам. Само сакам да кажам дека тие луѓе кои сакаа да го стигматизираат српскиот народ не успеаја и никогаш нема да успеат, сакаа да ни стават белег на челото и не успеаја, изјави Вучиќ.
Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија
Comments are closed for this post.