Машиновозачот на патнички воз на релација Добој-Бања Лука беше повреден кога по снежните наноси и одрони локомотивата излета од железничката пруга помеѓу станиците Шњеготина и Јосавка.
Машиновозачот добил повреди на главата и лицето и со амбулантно возило е транспортиран до Универзитетскиот клинички центар на РС во Бања Лука, каде е опериран
Сите стручни тимови на Железници на Република Српска се на терен и интензивно работат на отстранување на одроните.
Додека се одвиваат работите за нормализирање на нормален железнички сообраќај, Железниците на Република Српска организираа превоз за сите патници.
Comments are closed for this post.