Вонредни паралемнтарни избори во јули се најверојатно сценарио за излез од блокадата на 45-от бугарски парламент каде очигледно е дека не може да се состави нова влада, објави 24 Часа по изјави од пратеници од шесте парламентарни партии.
За датумот партиите ги разгледуваат – 11, 18 или 25 јули. За 11 или 18 јули претендираат од ГЕРБ, наведува 24 Часа. За тие датуми се и од ДПС. Од БСП поваеројатно е 1 август.
Очекувањата за нови избори се засилија од петокот кога на барање на „Има таков народ“ беше крајниот рок за доставување предлози за второ читање на измените и дополнувањата на Изборниот законик – скратени од 7 на 3 дена. Така, реалните конечни текстови во одобрениот нацрт на партијата на Трифонов за машинско гласање во деловите со над 300 гласачи, видео надзор на пребројување на гласовите, промена на ЦИК, експериментално гласање преку интернет на претседателските избори избори оваа година и гласање по пошта за Бугарите во странство може да се прифати до Велигден.
„Едноставно, никој нема намера да состави нова влада, и ние се движиме кон што побрзи избори “, ја коментира одлуката на парламентот пратеникот на ГЕРБ-СДС, Љубен Дилов.
Премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, исто така, ја предупреди својата партија да се подготви за гласање во рок од два месеци. Доколку „Има таков народ“ го добијат и го вратат неисполнет мандатот што ќе го добијат од Румен Радев оваа недела, првите два од мај ќе бидат за ротација на третиот мандат. Ако и тој не успее, веќе од 17-23 мај, шефот на државата може да го распушти Националното собрание и да закаже нови избори во рок од два месеца.
Comments are closed for this post.