Во Јужна Африка деновиве има зачестен број на убиства. Aктери се членови на српската и бугарската мафија кои се во вистинска војна.
Најгрозоморно е убиството на Иван Ѓорѓевиќ кој е убиен иако возел блиндиран автомобил. Убијците, кои се дел од бугарската мафија, направиле класична „заседа“, пукале во автомобилот но куршумите не успеале да пробијат. Иван излегол од возилото и бил покосен. Убијците веднаш избегале и го запалиле својот автомобил неколку километри подалеку.
По ова убиство, во Јужна Африка е ликвидиран и Милан Ѓуричиќ, кој во Србија се бараше поради вмешаност во убиството на Аркан. Во Јужна Африка се наоѓа и Доброслав Гавриќ, непосредниот убиец на Аркан во хотелот Интерконтинентал во Белград.
Comments are closed for this post.