Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк нешто после 21 часот започна вонредната седница на Советот за безбедност, чие одржување е на барање на Србија заради формирањето на Војска на Косово.
Ставовите на Србија вечерва ќе ги брани претседателот на Србија Александар Вучиќ. Седницата ќе биде отворена за јавност, на што Србија инсистираше, додека Западот беше против.
Србија ќе бара да се почитува меѓународното право и Резолуцијата 1244, која предвидува демилитаризација на сите воени формации на косовските Албанци.
Седницата е важна за да се види каков став имаат челниците на Советот заради кршењето на Резолуцијата 1244, како и формирањето на Војска на Косово, иако како што пишува Танјуг, малку е веројатно дека ќе биде донесена одлука за нејзино укинување.
На седницата прв се обрати потпретседателот на ОН за мировни ипоерации Пјер Лакроа.
Потоа следува Вучиќ.
Приштина ќе ја претставува Хашим Тачи, без државна функција.
Comments are closed for this post.