Специјалното обвинителство одзеде над 210.000 евра или 427.000 лева во различни валути од банкарски сеф на главниот секретар во Државната агенција за Бугарите во странство, Красимир Томов, јавуваат бугарските медиуми.
Сефот бил отворен на 13 ноември по наредба на надлежен суд, откако Томов беше обвинет за учество во организирана престапничка група, злоупотреба на должноста и корупција.
Од обвинителството наведуваат дека во сефот биле пронајдени и одземени значителна сума пари во различни банкноти и валути – евра, долари, британски фунти и левови. Пронајдената сума изразена во левови надминува 427.000. Овие пари не биле декларирани согласно антикорупцискиот закон за транспарентност на имотот на државните функционери, велат од обвинителството. Томов пријавил само 25.350 лева сопствени средства, како и 36.000 лева од плата.
Одземените пари биле чувани во филијала на една од софиските банки, а пристап до него имал само обвинетиот главен секретар на Државната агенција за Бугарите во странство.
Томов е едно од лицата обвинети во аферата со бугарските пасоши.
Comments are closed for this post.