Дали полицијата на Кипар е пред ново грозоморно откритие поврзано со жртвите на серискиот убиец познат под кодното име „Орест“?
Ова е прашањето кое го поставуваат голем број медиуми кои го следат случајот откако пожарникари успеале да снимат нешто што наликува на бетонски блок на дното на Црвеното езеро.
Што може да има заедно со бетонскиот блок – се претпоставува дека е можно да има уште една торба, како во претходниот случај во кое би се наоѓало едно или повеќе тела од жртвите на обвинетиот Никос Метаксас, кој досега призна дека убил седум жени – пет возрасни и две малолетни девојчиња.
Метаксас за да ги сокрие телата ги ставал во парчиња во торби, а потоа ги врзувал за бетонска плоча за тие да пропаднат на дното на езерото и така да го сокрие трагите на своите злосторства.
Агенцијата Сигма лајв, без да наведе конкретен извор, објави дека најверојатно под тој блок се крие телото на 29-годишната Марикар Валдез Арквиола.
Comments are closed for this post.